КОМИСИЈАТА ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР НА КИЧЕВЕЦОТ Очекуваме разрешница во наредните денови
Очекуваме во текот на наредните денови, согласно тоа постапување да имаме разрешница, изјави портпаролот на КЗБ Злате Мехмедовиќ, кој појасни дека со овој предлог и со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и МВР ќе биде лоцирано лицето и ќе биде тестирано.
Комисијата за заразни болести(КЗБ) ќе му предложи на Министерството за здравство да се врши здравствен надзор врз лицето од Кичево кое одби да се тестира. Ова беше изјавено на денешната пресконференција на Комисијата. Портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ очекува разрешница на случајот во наредните денови.
Во Институтот за јавно здравје, како што соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести, Петличковски има околу 3.300 тестови за мајмунски сипаници. Тој појасни дека доколку некој има симптоми на мајмунски сипаници, првично треба да го контактира матичниот лекар, а потоа ако има сомнеж за присуство на сипаниците ќе биде препратен на Инфективната клиника, на соодветен начин.
– Пациентите со мајмунски сипаници се заразни кога ќе им почнат симптомите. Симптомите можат да бидат осип, болни лимфни јазли, покачена температура. Најзаразен е секретот од кожните промени и затоа пустили можат да бидат покриени, кога лицето треба да оди на лекар. Од тука нема задолжително изолирање ниту на пациентите, ниту на контактите – додаде Петличковски.