Комисијата за заразани болести денеска ќе предложи да се задржи мерката полициски час и таа да трае од 22 часот навечер до 5 часот наутро само за Скопје, Куманово, Тетово и за Штип.
Мерката би ги опфатила и дел од околните општини во кои има зголемен број на заболени со ковид-19, додека за останатиот дел од државата ќе нема дополнителни рестриктивни мерки.
Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, а за денеска во 16 часот е најавена прес конференција на која ќе зборува и претседетелот на Комисијата, Жарко Караџовски, заедно со министерот за здравство Венко Филипче.