Комисија за верски заедници: Домашните слави исклучиво со домашните

Традицијата не е загрозена, таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана, се наведува во соопштението.

339

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници, преку соопштение упатува aпел до нив празнувањата да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

Ескалирањето на состојбата со коронавирусот, како што се посочува, е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.






„Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало со повикување на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена, таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини