Kомисија ќе ги проценува условите за настава со физичко присуство

262

Владата денеска на седница назначи членови на Комисија која ќе дава мислење дали одредено училиште според епидемиолошката состојба ги исполнува условите за настава со физичко присуство во училишните објекти односно ќе разгледува поднесени барања од општината или основачот на училиштето.

Владата ги назначи Елена Ивановска од Министерство за образование и наука, Ѓорги Тасев од Канцеларијата на премиерот и прим. д-р Гордана Кузмановска од Министерството за здравство.






Во сите училишта кои ќе обезбедат услови за безбедно физичко присуство на учениците, наставата ќе може да почне во објектите, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата на МОН за реализација на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и го усвои Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта.

Согласно Планот, владата ги усвои и протоколите за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во новата учебна година, како и Алгоритам за постапување во училиштата во случај да се појави ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на ковид-19.

 

Поврзани содржини