КОМЕРЦИЈАЛНА – НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Угледниот магазин Global Finance ги прогласи најдобрите за 2023 година

172

Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката.

Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12 пат, Комерцијална банка е препознаена како банка која во континуитет ги следи потребите на клиентите и на тој начин ги поставува темелите за иден заеднички успех. Тоа ја вброи Комерцијална банка во друштвото на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 30-то издание на годишните награди на магазинот Global Finance.






Ова признание претставува огромна чест и гордост за целиот тим на Комерцијална банката затоа што ги истакнува силните резултати, посветеноста и довербата што ја ужива Банката и во услови на динамични промени на финансиските пазари.

– Признанијата ни даваат дополнителна енергија да продолжиме напред во исполнување на стратешките цели на Банката, кои се фокусирани на следење на потребите на клиентите, на дигитализирање и постојани иновации во понудата на производи и услуги и на поттикнување на растот на бизнисот. Оваа награда, како и останатите, е резултат на негувањето долгорочна соработката и доверба од клиентите и, секако, на инвестициите со кои Банката не само што ги следи современите трендови, туку и се наметнува како лидер во земјава во имплементацијата на дигитални алатки кои ги прават банкарските трансакции побрзи, полесни и достапни од секое место во секое време. Клиентите ги препознаваат предностите и привилегиите што им ги нудиме, а особено нѐ радува што тоа го препознаваат и истакнати финансиски експерти кои се дел од стручното жири на Global Finance – изјави Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, по повод наградата.

Според Global Finance, победници се банките кои внимателно ги следеле потребите на клиентите, постигнале силни резултати и ги управувале со своите средства и обврски на разумен начин во услови на брзо менливи каматни стапки.

– Идентификувањето на најдобрите банки врз основа на услугите, стабилноста и институционалното знаење е поважно од кога било. Оваа година наградите за најдобри банки ги препознаа финансиските институции кои нудат широк опсег на услуги, како и доверливост потребна за долгорочни финансиски односи – изјави Џозеф Д. Џиарапуто, издавач и уреднички директор на Global Finance.

Остварените резултати на банките ги оценуваат извршни финансиски директори, банкари, банкарски консултанти и аналитичари од целиот свет. Клучни објективни критериуми за оценување се раст на актива, профитабилност, географски опсег, стратешки односи, нов бизнис развој и иновации во производи. Дополнително, во оценувањето се применуваат и субјективни критериуми кои ги вклучуваат мислењата на истакнати аналитичари на капитал и кредитен рејтинг, банкарски консултанти и на останати експерти од финансиската индустрија.

Магазинот Global Finance е основан во 1987 година во Њујорк и има 50.000 читатели од 193 земји, а особено е профилиран во корпоративниот и финансискиот свет. Вообичаено избира најдобри банки и останати финансиски институции, а доделените награди се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

Комерцијална банка е особено почестена што во последните четири години, кога светот, а со тоа и целиот финансиски сектор доживува големи промени, редовно е добитник на признание за најдобра банка во земјава од страна на угледни меѓународни магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance. Тие се признание за лидерството што го покажува Банката во сите сегменти од своето работење, од иновации и инвестиции во дигитална технологија до сестрана грижа и поддршка на зедницата со цел да придонесе за просперитет на целото општетство.

Поврзани содржини