Комерцијална банка прогласена за најдобра банка од страна на магазинот „Еuromoney“
Во 2020 година, Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот „The Banker“.
Комерцијална банка е добитник на наградата „Најдобра банка во Северна Македонија“ за 2021 година што ја доделува магазинот „Еuromoney“.
„ Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со ковид-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите. Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите“, соопштиБанката.
Наградите за извонредност на магазинот „Еuromoney“ се доделуваат од 1992 година.
Во 2020 година, Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот „The Banker“.