Комерцијална банка издвои 31.201 евра за награди за Етеми и останатите членови на Надзорниот одбор

Распределбата на средствата на поединечните членови на Надзорниот одбор ја извршува Одборот за воспоставување и спроведување на Политиката за наградување“, појаснуваат од Банката.

3,066

Сава Димитрова, Таки Фити, Горан Антевски, Сашо Наумоски, Александра Максимовска – Стојкова, Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка ќе добијат дел од добивката на Комерцијална банка како награда за нивниот придонес во работата на Банката.

За оваа цел, како што предвидува Банката во одлуката за распределбата на нераспределената добивка до 31.12.2020 година објавена на Македонска берза, ќе издвои 1.925.000 денари (31.201евра) .






„Средствата за награда на Надзорниот одбор во износ од 1.925.000 денари, кои претставуваат трошок за Банката, да се распределат во готово. Распределбата на поединечните членови на Надзорниот одбор ја извршува Одборот за воспоставување и спроведување на Политиката за наградување“, појаснуваат од Банката.

Банката планира остварената нераспределена добивка во износ од 1.911.966.291 денари, а ја распредели за законска резерва инвестиции и дивиденда.

Според одлуката за акционеското собрание закажано за 29 март за резерва се планирани 294.526.091 денари, додека за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка која Банката ќе ја користи во 2021 година се наменети 250.000.000 денари.

„Износот од 250.000.000 денari нема да биде расположлив за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ќе биде ограничен за распределба на акционерите) и на тој начин, а во согласност со соодветната регулатива на НБРСМ, има третман на редовен основен капитал на Банката при пресметка на сопствените средтва, при што ќе овозможи зголемување на стапката на адекватност на капиталот“, образложува Банката.

За дивиденда, според предлог одлуката, ќе се распределат 1.367.440.200 денари, односно 600 денари по акција (на бруто-основа), што изнесува 60% од поединечната номинална вредност на акциите која изнесува 1.000 денари.

Поврзани содржини