КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТИТЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ Промотивниот период трае до крајот на септември

358

Во промотивниот период до 30.09.2023, Комерцијална банка ги зголеми основните фиксни каматни стапки на денарските депозити до 3,10%, а на депозитите во евра до 2,10%. Стимулативните каматни стапки за поголеми влогови достигнуваат и до 4,70% за денарски и до 3,60% за депозити во евра.

Повисоките каматни стапки за штедење во Комерцијална банка обезбедуваат поголеми приноси и растат како што расте заштедата:






– За денарски депозити орочени на 36 месеци каматни стапки од 3,10% до 4,70%, во зависност од висината на орочениот износ.

– За депозити во евра орочени на 36 месеци каматни стапки од 2,10% до 3,60%, во зависност од висината на орочениот износ.

– За денарски депозити орочени на 24 месеци каматни стапки од 2,30% до 3,90%, во зависност од висината на орочениот износ.

– За депозити во евра орочени на 24 месеци каматни стапки од 1,50% до 3,00%, во зависност од висината на орочениот износ.

Штедењето во Комерцијална банка, која, како што велат од компанијата, е столбот на довербата на граѓаните во земјава, овозможува и редица други бенефиции – онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.

Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.

За сите подетални информации на располагање на клиентите им стојат и нивните тимови во најблиската експозитура или на маил: [email protected].

Поврзани содржини