Комерцијална банка ќе исплати дивиденда по престанок на забраната дадена од Народна банка
Комерцијална банка соопшти дека и со измените на Одлуките, Надзорниот одбор на Банката останува со предлогот дивидендата да изнесува 600 денари по акција.
Комерцијална банка ќе ја исплати дивидендата на акционерите кога ќе престане да важи забраната дадена од Народната банка, информира Банката преку Македонска берза.
„Предлог – Одлуките за исплата на дивидендата претставуваат одложување од привремен карактер. Износот на дивидендата останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето за распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите“, соопшти Банката.
Комерцијална банка соопшти дека и со измените на Одлуките, Надзорниот одбор на Банката останува со предлогот дивидендата да изнесува 600 денари по акција.