КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА КУПУВА СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА Понудени се 20,3 милиони евра за преземање на битолската банка

Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции, а најголем акционер со акционерски пакет од повеќе од 5% е компанијата „Пелистерка“. Таа располага со 16,99% од акциите.

2,563

Со понуда од 3.200 денари по акција или 1,24  милијарди денари (20,34 милиони евра) Комерцијална банка ја официјализира намерата за преземање на Стопанска банка АД Битола. Пред тоа банката доби и согласност од Народна банка за 100% преземање на капиталот на Стопанска банка Битола.

Стопанска банка АД Битола има издадено вкупно 390.977 акции, а најголем акционер со акционерски пакет од повеќе од 5% е компанијата „Пелистерка“. Таа располага со 16,99% од акциите.






Комерцијална банка ја објави понудата на Македонска берза каде што соопшти:

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме дека Комерцијална банка АД издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Истовремено, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, во постапката на јавна објава на понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, цената на акциите која ќе биде понудена во понудата за преземање изнесува 3.200,00 денари за 1 (една) акција“.

 

Поврзани содржини