Комерцијална: Акционерите да гласаат по посмен пат или електронски

311

Во насока на реализирање на препораките на Комисијата за хартии од вредност на РСМ и во интерес на почитување нa мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, Комерцијална банка АД Скопје ги повикува своите акционери, правото на учество и гласање на Собранието на Банката, закажано за 02.04.2020 година, што е можно поскоро да го оставарат со писмена кореспонденција или со електронско гласање, со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание без физичко присуство на акционерите, соопшти банката.

Детални инструкции за ваквиот начин на гласање и учество во работата на Собранието се достапни на веб-страницата на Банката www.kb.com.mk.






За дополнителни информации може да поставите прашање по електронски пат на [email protected] или на следните телефонски броеви (02)3168222 или (02)3168232.

 

Поврзани содржини