КОМЕМОРАЦИЈА ЗА САРА ПРОЈКОВСКА В СРЕДА Факултетот за музичка уметност се простува со професорката
Сара загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со својот бенд ДНК, како придружен вокал.
Факултетот за музичка уметност – Скопје соопшти дека во среда, 26 март, во Концертната сала на Факултетот ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.
Сара загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со својот бенд ДНК, како придружен вокал.
Покрај Сара, во Кочани загинаа и членовите на бендот ДНК, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горѓи Горѓиев и пејачот Андреј Ѓорѓиевски.
Во пожарот во дискотеката во Кочани во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а повеќе од 190 беа повредени.