КОМЕМОРАЦИЈА ЗА МАРИН БАБИЌ Драмскиот театар во чест на својот доајен
Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години, Драмскиот театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век.
На 28 октомври – петок, со почеток во 12 часот, Драмскиот театар во Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот Марин Бабиќ.
Доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години. Драмски театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век.