КОМЕ СТАИ, ДИРЕТОРЕ? Дошол службено, преспал во хотел, а на настанот – не се појавил!

Според претставници на македонската дијаспора во Италија, директорот на Агенција за иселеништво Слободан Близнакоски и неговиоте придружници дошле во службена посета на општината Канели, преспале во хотел, но на настанот каде што биле официјални гости – не се појавиле.  

4,644

Претставници на македонската дијаспора во Италија откриваат скандал во кој претставници на Агенцијата за иселеништво заминале на службено патување на на настан во италијанската општина Канели, каде се одржувала свеченост во чест на македонската дијаспора во овој град во Италија, но официјалните гости воопшто не се појавиле на настанот.

Порталот Експрес пишува за овој скандал.






„Благодарност и до Директорот на Агенција за иселеништво, како што се нарекуваат, и до неговите придружници кои и покрај најавата за присуство и организираниот пречек од Општина Канели, си преспаа со државни пари една ноќ во хотел, си се прошетаа кај поподобни организации можеби, и не се појавија на настанот. Комплименти, администрација башибозук. Си помина настанот и без нив. Ако ги формиравме за вас нашите организации, немаше да постои ниту една.
Би било фер да се прекрстат во Агенција за подобни иселеници”, објавија македонски активисти во Италија.

На настанот, во чест на 10 години од јубилејот на македонската организација Камен Мост, присуствувале повеќе претставници на македонски организации, како и македонскиот конзул во овој дел од Италија.

Поврзани содржини