КОМБЕ СО 16 МИГРАНТИ ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТ Повредени се четворица мигранти и еден војник

Мигрантите, меѓу кои и тројца малолетници, се пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а возачот, кој се обидел да побегне, е уапсен.

341

Во село Ваксинце, општина Липково, полицијата вчера го уапсила М.Б.(34) од Велес, откако во возилото „крајслер“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронашла 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници, информираат од МВР.

Претходно, на автопатот „Пријателство“, кај село Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и војници на АРМ и продолжил да вози кон село Ваксинце. Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што побегнал, но набргу бил фатен и приведен.






При излетувањето на возилото од патот четворица мигранти биле повредени, па и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово. Повреден бил и еден војник кој учествувал во акцијата, па и нему му била укажана помош во болницата во Куманово.

Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Поврзани содржини