Комбе изгоре во пожар попладнево во Неготино, кај населбата Саат кула, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица.
– На лице место интервениравме со две возила и четири пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на тракторот на сопственикот на комбето и на неговиот полски објект, на околината – рекоа од противпожарната единица.
Оттаму повикаа населението да биде повнимателно, особено сега при високи температури. Притоа потсетија дека деновиве исто така изгоре жито од ниви во неготинскиот атар.