КОМАРЦИТЕ СЕ ЛЕПАТ НА НЕКОЛКУ ТИПОВИ НА ЛУЃЕ Еве кој прв ќе се чеша!

Научниците издвојуваат четири групи на луѓе на кои комарците не можат да им одолеат: трудници, спортисти, љубители на алкохол и луѓе со крвна група „0“.

718

Со затоплувањето на времето доаѓа и наездата од комарци. Неколку типови на луѓе посебно се привлечни за здодевните натрапници. Често се случува да седите во друштво, а комарците да ве изберат како главна мета. Тоа не е случајно докажуваат резултатите од научни истражувања на Американското здружение за контрола на комарци, како што објаснува ентомологот Џозеф М.Конлон за списанието „Тајм“.

Конлон со својот тим издвоил четири групи на луѓе на кои комарците не можат да им одолеат: трудници, спортисти, љубители на алкохол и луѓе со крвна група „0“.






Прво, бремените жени често се мета на комарците бидејќи издишуваат повеќе јаглерод диоксид од другите жени, особено во последните месеци од бременоста. Комарците имаат специјални рецептори кои го чувствуваат јаглерод диоксидот во околината, па бремените жени, издишувајќи поголема количина од овој гас, стануваат попримамлива цел.

Друга група која привлекува комарци се спортистите. За време на физичката активност, како трчање или вежбање, мускулите произведуваат поголеми количини на млечни киселини кои се излачуваат преку потта. Покрај тоа, топлината на телото која се зголемува за време на вежбањето дополнително ги привлекува.

Третата група се љубители на алкохол. Истражувањата покажаа дека мажите кои консумирале алкохол се попривлечни за комарците од оние кои пиеле само вода. Алкохолот може да ја зголеми телесната температура, а комарците сакаат топлина.

Конечно, луѓето со крвна група „0“ се исто така честа мета на комарците. Луѓето со оваа крвна група имаат тенденција да лачат одредени мириси кои се привлечни за комарците.

Иако се привлечни за комарците, овие луѓе имаат помала веројатност да заболат од маларија, болест што ја пренесуваат комарците. Интересно е што луѓето со крвна група „А“ најмалку ги привлекуваат комарците.

Овие студии покажуваат дека постојат неколку фактори, како физичка активност, консумирање алкохол и генетика, кои влијаат на тоа колку некои луѓе се привлечни за комарците.

Поврзани содржини