Комарците не каснуваат по случаен избор, еве како да ги „измамите“
Досега веројатно сте пробале сè, а не ви помагаат ниту кремите против комарци, ниту електронските уреди, исто така, овие модерни изуми знаат да доведат и до алергични реакции.
Комарците ги привлекуваат инфрацрвените зраци од топлите тела, како и јаглерод диоксид и млечна киселина. Тие не ве одбираат случајно, а можат да ве насетат на растојание од 25 до 30 метри. За да се справите со нив, постојат повеќе решенија.
Во текот на летото многумина се соочуваат со еден прилично голем проблем, а тоа се комарците. Досега веројатно сте пробале сè, а не ви помагаат ниту кремите против комарци, ниту електронските уреди, исто така, овие модерни изуми знаат да доведат и до алергични реакции.
Никогаш досега не сте се сетиле дека постојат и природни начини кои се мошне мошне добар избор доколку сте дел од оние кои водат битка со комарците.
Маточина
Маточина, таа е добро позната во секој дом. Од нејзе се прави чај, кој делува смирувачки. Истовремено ова растение шири прекрасен мирис за нас, кој е непријател за комарците. Поставете саксија со свежа билка маточина, украсете го вашиот дом и спасете се од „натрапниците“.
Мачкина трева
Мачкино нане или исто така познато како мачкина трева, ова растение содржи супстанца која е наречена непеталактон, нешто од кое комарците бегаат.
Дива маргаритка
Пиретрум или диворастечка маргаритка. Листот и стеблото на ова растение прават комарците да бегаат, а причината за тоа е растителната супстанца која ја содржи оваа „маргаритка“, а делува парализирачки на инсектите. Букет маргаритки може да ви помогне за справување.
Босилек
Босилек, уште еден непријател на комарците. Доколку одгледувате босилек, кој најчесто се користи како зачин во јадењата, поместете ги вашите саксии под прозорот и на тој начин ќе бидете спасени од инсектите или пак да направите спреј од босилек, натопете ги сечканите ливчиња во вода и користете ја против нив.
Лаванда
Лаванда, едно од најмоќните средства против комарци, доколку не сте во можност да одгледувате во саксија, доволно е да се намачкате со етерично масло од лаванда.
Нане
Нане, од него бегаат мравки, муви, болви, а е исто така лесно за одгледување во вашиот дом.
Невен
Невенот е исто така добар избор за да се справите со комарците.