Колумбискиот сој е регистриран во Австрија, се шири многу побрзо од другите мутации
Колумбискиот сој, инаку Б.1.621, се смета за мутација на која ѝ треба внимание и се следи низ целиот свет, бидејќи постојат сомневања дека многу поврзо се шири од другите видови на ковид-19.
Новиот колумбиски сој на коронавирусот е регистриран во Австрија, поточно во една пречистителна станица во близина на езерото Вертерзе, објавија надлежните органи кои вршат анализа на отпадните води.
Колумбискиот сој, инаку Б.1.621, се смета за мутација на која ѝ треба внимание и се следи низ целиот свет, бидејќи постојат сомневања дека многу поврзо се шири од другите видови на ковид-19.
Врз основа на податоците за анализа на отпадни води, се претпоставува дека има повеќе лица заразени со колумбискиот вид во тој регион.