📷 КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ПРЕМИНОТ ЕВЗОНИ Голем број граѓани се враќаат од сончев викенд во Грција

1,682

Долги колони возила и чекање од најмалку еден час се забележуваат попладнево на граничниот премин Евзони за влез во Македонија.

Причината за метежот е враќањето на голем број македонски граѓани кои викендов решија да избегаат од нестабилното и дождливо време дома и да го поминат викендот на сончевите грчки плажи.






Додека во Македонија викендов врнеше дожд и температурите беа пониски од вообичаеното за мај, во Грција преовладуваше сончево и топло време, со температури над 28°C.

Фото: Плусинфо

Голем број патници се жалат дека колоните речиси не се движат, а дел од возилата чекаат повеќе од еден час за да влезат назад во земјата.

Поврзани содржини