КОЛКУ ЗНАЕТЕ ЗА ПАПИТЕ И ЗА ВАТИКАН? Богата е историјата на Светата столица

Смртта на папата Франциск и изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква е повод за овој квиз, во кој ќе си ги провериме знаењата за Светата столица. Нешто и ќе научиме. За секое од 15-те прашања понудени се по 4 одговори, од кои само 1 е точен. Обидете се!

865

КЛИКНИ НА ПОЛЕТО НА ЕДЕН ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ

1 / 15

Светата столица е основана во 1. век, како жариште на ехваристичкото единство на католиците низ светот. За основачи на Светата столица се сметаат:

2 / 15

Папата е врховен свештеник на Римокатоличката црква. Неговото седиште се наоѓа во:

3 / 15

Времето што папата го поминува во служба на Римокатоличката црква се нарекува:

4 / 15

На папата му помагаат врховни свештеници во Ватикан, кои ги избира самиот тој. Тие се викаат:

5 / 15

Административниот апарат на Светата столица се вика:

6 / 15

Бидејќи Ватикан е и независна држава, има и своја дипломатија. Папските дипломати се викаат:

7 / 15

За заштита на Ватикан се грижи една од најмалите, но најстарите војски на светот. Тоа е:

8 / 15

Изборот на новиот папа се одржува на заседанието кое се нарекува Конклава. Членовите на Конклавата најчесто заседават во:

9 / 15

Според историските студии споредени со официјални податоци, во 2000-годишната историја на Светата столица, колку свештеници досега се качиле на папскиот престол?

10 / 15

Папите издаваат признание дека некое лице живеело свет живот и на таквите луѓе им се доделува титулата „благословен“. Тоа е првиот чекор во процесот кој води до прогласување светец. Овој папски благослов се вика:

11 / 15

Кој папа пред околу 1.000 години дал дозвола за крунисувањето на Цар Самоил?

12 / 15

Еден од најконтровезрните папи во историјата е Александар Шести Борџија (на светиот престол од 1492 до 1503 година). Неговата насилна смрт е предизвикана со:

13 / 15

Папата Иван Павле Први во 1978 година умрел само 33 дена откако бил избран. Веројатната причина за смртта е срцев удар, но има сомневања дека бил убиен, поради неговите намери да расчисти со тогашниот шеф на Ватиканската банка. Тој се сомневал дека финансиите на Ватикан тогаш биле под контрола на:

14 / 15

Јован Павле Втори е еден од најпопуларните папи во историјата, кој одиграл голема улога во демократизацијата на Полска и на другите земји од Источниот блок. На 13 мај 1981 година, за време на генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим, тој бил застрелан од атентатор, кому подоцна му простил. Атентаторот се вика:

15 / 15

Папата Франциск, кој почина на 21 април, беше првиот папа од Јужна Америка. Неговото име е Хорхе Марио Бергољо. Тој беше првиот папа кој во 2019 година ја посети Македонија. Неговата земја е:

Your score is

The average score is 65%

 

Ако сте ги пропуштиле нашите досегашни квизови, повелете линкови:






КОЛКУ ЗНАЕТЕ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ? Да се потсетиме на најзначајниот настан во историјата на христијанството

ЛЕГЕНДАРНИ ИЗЈАВИ И ГАФОВИ НА МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ Рекоа, се прославија или се посрамотија?

ВО СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ 15 прашања за актуелните ѕвезди, но и за скандали во „белиот спорт“

ПОЗНАТИ СЛИКАРИ И НИВНИТЕ ДЕЛА Не треба да сте експерт за да ги препознаете, обидете се!

Поврзани содржини