Колку време ви треба да испазарите, а да не се заразите со коронавирусот
Мар советува да направите список за купување, да носите маска и да не го допирате лицето и секако да држите растојание. Таа напоменува дека временското ограничување од 30 минути не се заснова на студија туку на трудови на стручњаци за вентилација и на научници кои го анализираат вирусот.
Здравствените експерти понудиле совети како да се заштитите од ковид-19 кога сте во маркет или продавница, и откриле колку време ви е потребно да спазарите и да купите сѐ што ви треба и да останете здрави.
– Изгледа половина час е вистинско време – изјавила за The New York Times Линси Мар, доктор на науки за аеросоли во Вирџинија, објаснувајќи во кој рок може да се купи тоа што ви треба. Таа додала дека за половина час може да купите сѐ што ви е потребно, а притоа да не се изложите на ризик од зараза.
Мар советува да направите список за купување, да носите маска и да не го допирате лицето и секако да држите растојание. Таа напоменува дека временското ограничување од 30 минути не се заснова на студија туку на трудови на стручњаци за вентилација и на научници кои го анализираат вирусот.
Мар советува да избегнувате да одите на пазарување во маркети и во продавници кога има најмногу гужва за да го ограничите контактот со други луѓе. Во сабота од 12 до 15 часот не се препорачува да пазарувате бидејќи според податоците од Гугл мапс покажуваат дека тогаш најмногу луѓе пазаруваат. Најмалку гужва во продавниците има во понеделник во 8 часот.
Мар наведува дека не мора да ја дезинфицирате колкичката за пазарење, само треба да се внимава да не се допира лицето. Нема потреба да се носат ракавици, доволно е да се измијат рацете веднаш штом спазарите. Се препорачува бесконтактно плаќање, а може да си носите и сопствена торба за пазарење.
Во почетокот на пандемијата многумина ги бришеле намирниците, во страв дека ќе се заразат со коронавирусот. Сепак, научниците утврдиле дека шансите така да се заразите се многу мали. Др Мар напоменува дека дури и заразено лица да го допрел производот кој сте го купиле, вашите раце се тие кој претставуваат поголем ризик за пренос на заразата. Токму поради тоа миењето на рацете е клучно за да се заштитите.