Колку трае заштитата од ковид-19 кај оние кои го прележале вирусот?

Во заклучокот од истражувањето се наведува дека постои мала можност луѓето повторно да се разболат од ковид-19 за пократок период отколку што е наведено.

1,625

Анализата на податоците за имунитетот на ковид-19 покажа дека оние кои се заразиле со оваа болест не може да се инфицираат повторно најмалку осум месеци, објавија здравствените власти на Данска.

И покрај ваквата проценка на природниот имунитет, данските истражувачи не сакаат да коментираат за заштитата што ја обезбедуваат вакцините, што значи дека прашањето за ревакцинација останува отворено.






Во заклучокот од истражувањето се наведува дека постои мала можност луѓето повторно да се разболат од ковид-19 за пократок период отколку што е наведено.

– Ние многу внимателно ги следевме податоците за време на истражувањето и веруваме дека имунитетот може да трае подолго од осум месеци – рече заменик-директорот на данската здравствена служба, Хелена Блистед Пробс.

Тековните истражувања не резултираа со ист заклучок кога станува збор за вакцините, иако неодамнешните проценки покажуваат дека имунитетот стекнат по вакцинацијата ќе биде подеднакво ефикасен и долготраен како и по инфекцијата.

Ковид-19 е релативно нова болест и засега се непознати деталите за траењето на ефектите на вакцините и нивното влијание врз имунолошкиот систем.

Поврзани содржини