КОЛКУ ШТО ГО ИЗГРАДИ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ, ТОЛКУ ЌЕ ГО ОПРАВИ И ЧАИР Бујар Османи има нула резултати, а многу лажни ветувања, обвини Вреди

Фејсбук сесии, фотографии, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош, соопштени Вреди.

85

Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано, соопшти коалицијата Вреди.

„Фејсбук сесии, фотографии, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии.
Ветуваа водоводи, оставија пустош“, се вели во соопштението на Вреди.






Бујар Османи, се додава, беше министер во владата на Никола Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Зоран Заев и Димитар Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции.

„За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше.  Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому. Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред 5 и пол години. Празни“, соопшти Вреди.

Поврзани содржини