КОЛКУ СЕКУНДИ, ТОЛКУ АЛТАНИ Фајзер, Модерна и Бионтек заработуваат 65.000 долари секоја минута
Компаниите Фајзер, Бионтек и Модерна заработуваат над 1.000 долари во секунда од продажбата на вакцините против коронавирусот, а досега оваа тројка остварила дури 34 милијарди долари профит.
Трите најголеми производители на вакцини против ковид-19 заработуваат околу 65.000 долари секоја минута благодарение на побогатите земји кои ги складираат тие вакцини, додека плановите за давање попусти на вакцините на посиромашните земји во голема мера пропаднаа, открива најновата анализа спроведена од Народната алијанса за вакцини Африка (PVA).
Компаниите Фајзер, Бионтек и Модерна заработуваат над 1.000 долари во секунда од продажбата на вакцините против коронавирусот, а досега оваа тројка остварила дури 34 милијарди долари профит, пренесе порталот Денар.
И покрај толку високиот профит, 98 отсто од населението во сиромашните земји останува невакцинирано, а PVA додава дека компанијата Фајзер испорачала само еден отсто од залихите на вакцини во сиромашните земји, додека Модерна е петпати полоша во тој поглед, со само 0,2 отсто испорачани вакцини.