КОЛКУ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЕУ? Најниската е исто колку и македонската

576

Најниската минимална бруто плата во Европската унија е забележана во јануари во Бугарија и изнесува 551 евро , додека највисоката во Луксембург е 2.638 евра, покажува денеска објавеното истражување на Евростат.

Во Македонија, во јануари минималната бруто плата изнесувала 541 евро, додека во март таа се зголеми на 585 евра бруто.






Пониска минимална плата од 1.000 евра, според податоците за јануари, имаат 10 земји од ЕУ.

Покрај Бугарија, пониска минимална плати имаат и: Унгарија (707 евра), Летонија (740 евра), Романија (814), Словачка (816), Чешка (826), Естонија (886), Малта (961), Грција (968) и Хрватска која има минимална плат од 970 евра.

Меѓу 1.000 и 1.500 евра минимална плата имаат: Кипар (1.000 евра), Португалија (1.015), Литванија (1.038), Полска (1.091), Словенија (1.278) и Шпанија каде што минималната плата изнесува 1.381 евра.

Минимална плата повисока од 1.500 евра имаат: Франција со 1.802 евра, Белгија (2.070), Германија (2.161), Холандија ( 2.193 евра), Ирска (2.282 евра) и Луксембург кој има минимална плата во износ од 2.638 евра.

Податоците покажуваат дека највисоката минимална плата во земјите на ЕУ била 4,8 пати повисока од најниската.

Разликите во минималните бруто плати меѓу земјите од ЕУ се значително помали ако се земат предвид разликите во нивото на цените во споменатите земји, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Поврзани содржини