КОЛКУ ПРИМЕНИ ГОЛОВИ ЌЕ ГИ ЧИНИ ВЕТОТО? Македонската репрезентација се падна во иста група со бугарската

Со Грузија минатата сезона бевме во иста група, а игравме и во финалниот бараж за пласман на Европско 2020 година, додека, пак, со Гибралтар бевме во иста група во воведната сезона на ова натпреварување.

1,325

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги дозна противниците за новата сезона од Лигата на нации на УЕФА, а интересно е тоа што македонските фудбалери напролет ќе си ги одмерат силите со репрезентацијата на Бугарија.

Нашата репрезентација е сместена во последната група 4 заедно со Бугарија, Грузија и со Гибралтар. Со сите овие репрезентации веќе имаме одиграно официјални натпревари, но само со Бугарите сме играле пријателстки.






Со Грузија минатата сезона бевме во иста група, а игравме и во финалниот бараж за пласман на Европско 2020 година, додека, пак, со Гибралтар бевме во иста група во воведната сезона на ова натпреварување.

Натпреварите ќе се играат во јуни и во септември идната година. Првите четири кола ќе се играат од 2 до 14 јуни, а последните две кола од 22 до 27 септември.

Распоредот ќе биде дополнително направен.

Поврзани содржини