КОЛКУ ПЛАСТИКА НАВИСТИНА СЕ РЕЦИКЛИРА? Поголемиот дел од пластичниот отпад кој го селектираме, на крајот завршува во депонија!
Поголемиот дел од пластичниот отпад кој го издвојуваме за да не заврши под земја на депонија, на крајот сепак ќе заврши таму. Тажно, но вистинито: само 9% од произведената пластика во светот се рециклира. Причината за тоа не е само тоа што пластичниот отпад не се селектира доволно. Главната причина е, како што реков, во хемијата. Меѓутоа, за тоа не е виновна само термопластиката.
Пластика е пластика – а не е. Постојат многу видови на пластика. Затоа тешко, многу тешко се рециклира.
Помеѓу полиетиленот и парафинот нема хемиска разлика, или – да бидеме попрецизни – полиетиленот и парафинот се разликуваат само по молекуларната тежина (релативна молекуларна маса), т.е. бројот n во CH3-(CH2)n-CH3, формулата на линеарниот ( HDPE) полиетилен. (Обичниот полиетилен, PE, има разгранети синџири.) Полиетиленската кеса може да се топи и претопува како парафинска свеќа.
Но само „на хартија“, во лабораториски услови. И не се сите пластични маси како полиетиленот.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.