Колку од вакцинираните во Србија се заразиле со корна и која вакцина најдобро штити!

Директорката на „Батут“, Верица Јовановиќ, вели дека сѐ уште нема доволно веродостојно истражување за тоа кои вакцини би можеле да бидат најефективни кај новиот делта сој.

1,553

Од почетокот на вакцинацијата во Србија до крајот на април, само 0,3 проценти од целосно вакцинираните со вакцината „Фајзер“ и 0,5 проценти со „Спутник V“ се заразиле со коронавирусот, според Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“.

Д-р Владан Шапоњиќ наведува дека истражувањето покажало дека 1,5 проценти од вакцинираните со „Синофарм“ и 2,5 проценти од вакцинираните со првата доза на „АстраЗенека“ се разболеле од ковид-19.






„Вакцините „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Спутник V“, се покажа дека има многу малку хоспитализации и тешки клинички слики меѓу заразените, и во тој период нема регистрирани смртни случаи кај вакцинираните“, рече д-р Шапоњиќ.

Директорката на „Батут“, Верица Јовановиќ, вели дека сѐ уште нема доволно веродостојно истражување за тоа кои вакцини би можеле да бидат најефективни кај новиот делта сој, и додава дека луѓето од ранливите групи најверојатно ќе ја добијат третата доза од вакцината од производителот со кој веќе биле вакцинирани.

Таа вели дека давањето прва и втора доза сѐ уште е приоритет и дека, доколку има препораки во врска со производителот во случај на давање на третата доза, граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Кризниот штаб ја препорача третата доза на пациенти со автоимуни заболувања, пациенти на хемодијализа, по трансплантација, пациенти на онкологија, лица со хронично воспаление на црниот дроб, бубрезите и белите дробови.

Поврзани содржини