КОЛКУ Е ВЛИЈАТЕЛЕН ЏЕЈ ДИ ВЕНС? Десната рака на Трамп има цврст став за договорот за минерали со Украина

Како што се оценува, пристапот на Венс е во спротивност со ставовите на американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник за Украина Кит Келог, кои се чини дека заземаат поумерени позиции.

1,400

Американски Блумберг денеска оцени дека потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс зазема построг став во разговорите за договорот за експлоатација на ретки минерали со Украина отколку американскиот претседател Доналд Трамп.

Европските претставници запознаени со преговорите за надминување на расправијата меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се случи за време на неговата посета на Белата куќа на 28 февруари, оценија дека Венс често зазема построг став на оваа тема од Трамп.






Како што се оценува, пристапот на Венс е во спротивност со ставовите на американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник за Украина Кит Келог, кои се чини дека заземаат поумерени позиции.

Американските власти предложија Украина да потпише договор со кој се предвидува пренос на правата за експлоатација на дел од украинските ретки метали на САД.

Тогаш Вашингтон му предложи на Киев да создаде фонд од 500 милијарди долари (461 милијарда евра), каде што ќе се насочуваат приходите од продажбата на ретки метални ресурси, но Зеленски нагласи дека износот на поддршката е 100 милијарди долари (92,2 милијарди евра) и дека не може да се смета за долг.

Украина и САД требаше да потпишат договор за минерали на 28 февруари, кога Зеленски беше во посета на Вашингтон, но поради вербална пресметка меѓу Трамп и Зеленски, тоа не се случи.

Шефот на канцеларијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак, неодамна разговарал со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Мајк Волц, кога се договориле за средба на преговарачките тимови на двете земји во блиска иднина, објави украинската РБЦ.

Поврзани содржини