Колку милиони долари заработи Опра Винфри од интервјуто со Меган и Хари?

1,309

Водителката Опра Винфри заработила ни помалку ни повеќе туку седум милиони долари од ексклузивното интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Зад целото интервју стои и нејзината продуцентска куќа „Харпо продакшн“, а правата на емитување на интервјуто ги продаде на телевизиската станица Си-би-ес за седум милиони долари. .






Во двочасовното интервју, кое се емитуваше на телевизијата Си-би-ес, парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство.

Според проценките на компанијата „Нилсен“, интервјуто во живо го следеле 17 милиони гледачи. Иако интервјуто е емитувано во ударен термин, овој број на гледачи се смета за многу голем.

Во интервјуто Меган рече дека размислувала за самоубиство, додека Хари изјави дека тој и неговото семејсто се чуствувале „заробени“ додека го воделе кралскиот живот.

Опра Винфри откри по интервјуто дека за бојата на кожата на малиот принц Арчи, синот на Меган и Хари, не зборувале кралицата Елизабета Втора ниту нејзиниот сопруг принцот Филип.

ФОТО: Јутјуб

 

Поврзани содржини