Колку месеци по вакцинацијата не треба да планирате бебе
Основен совет, според важечките насоки, е дека пред се, жените кои сега се бремени, на вакцинација не смеат ни да помислат. Жените кои планираат бременост би требало да се вакцинираат и бременоста да ја одложат за три до пет месеци по примањето на втората доза од вакцината – вели Митровиќ Јовановиќ.
Професорката д-р Ана Митровиќ Јовановиќ, началничка на дневната болница ГАК Народен фронт, за РТС укажала кои препораки за вакцинацијата важат за трудниците и за жените кои планираат бременост, како и како коронавирусот влијае на машкиот стерилитет, пренесува Н1.
Од почетокот на пандемијата на ковид-19, постои неизвесност како вирусот ќе влијае на мајките, на развојот на бременоста и на самото бебе. Проф, д-р Ана Митовиќ Јовановиќ потсетува дека со тоа прашање секојдневно се соочува од почетокот на пандемијата.
– Основен совет, според важечките насоки, е дека пред се, жените кои сега се бремени, на вакцинација не смеат ни да помислат. Жените кои планираат бременост би требало да се вакцинираат и бременоста да ја одложат за три до пет месеци по примањето на втората доза од вакцината – вели Митровиќ Јовановиќ.
Првите резултати, а на основа на публикацијата каде е анализирано околу 130 породени жени заболени од ковид-19, покажуваат дека инфекцијата не се пренесува на детето во текот на бременоста и при породот, но дека ризикот не може целосно да се исклучи.
Вертикалната трансмисија на инфекцијата од мајка на бебе во текот на бременоста не е докажана. Бебињата интраутерино немаат рецептори прку кои коронавирусот може да влезе во клетките. Затоа сите жени кои родиле деца и биле активни на ковид инфекцијата, родиле здрави деца, вели лекарката.
– Но постои ситуација децата да се онфицираат во првиот и вториот месец од животот од некои лица кои на приме дошле во посета на бебето, бидејќи по раѓањето тој рецептор природно се појавува во клетките – истакнува лекарката.
Како што не се зане и за другите вируси, така се уште не се знае каков ефект по здравјето на плодот ќе остави ковид инфекцијата во првите три месеци од бременоста и како ќе влијае на процесот на ембриогенеза.
– Засега искуствата се добри и не е забележано дека има зголемен процент конгенитални аномалии или поголем процент на спонтани абортуси или ран губиток на бременоста, но секако , времето ќе покаже – заклучува лекарката.
Европското здружение за хумана репродукција препорачало во средината на март 2020 година дека треба да се почека со бременост. Во меѓувреме овие препораки се сменети и продолжени се постапките за вонтелесно оплодување со придржување на сите препорачани мерки за заштита.
Професорката се осврнала и на неодамнешните сознанија на кинескит научници дека коронавирусот штетно влијае на плодноста на мажите. Таа нагласува дека ситуацијата е сериозна, но дека не е алармантна.
Митовиќ Јовановиќ истакнува дека нема место за паника, но дека треба да се биде претпазлив.
– Ова е уште една потврда кога станува збор за ковид инфекцијата, дека не е загрозена само повозрасната популација, туку, напротив, младите луѓе, кои не завршиле со репродуктивниот период како и луѓето во репродуктивниот период – вели лекарката
Исто така , воочена е голема разлика меѓу влијанието на вирусот на неплодност кај мажите и неплодност кај жените. Со оглед на тоа дека веќе се знае како вирусот делува и каков е механизмот на неговото влијание , потенцијално на неплодноста, слично е и во случај на коронавирусот.
Кога ќе се споредат машкиот и женскиот репродуктивен систем, објаснува професорката, знаеме дека јајниците се наоѓаат во телото на жената и се навикнати на температура од околу 37 степени Целзиусови. Од друга страна, тестисите се анатомски надвор од телото ткму поради тоа бидејќи се многу чувствителни на висока температура.
Ткивото на тестисите е чувствително од повеќе причини, Пред се дека во него се наоѓаат голем број А-Це-2 рецептори преку кои коронавирусот влегува во клетките. Со влезот во клетките на тестисите, нивната РНК се препишува во ДНК и се покренува синтеза на протеини кои се неопходни за натамошен останок на вирусот во клетките. Тоа ги ремети процесите кои се случуваат во тестисите, го ремети процесот на продукција на тестостеронот и влијае негативно на сперматогенезата.
Сепак битно е дека машката репродукција во споредба со женската е процес кој се обновува.Важно е во текот на инфекцијата да не дојде до трајно уништување на ткивото на тестисите, потенцира лекарката.
Засега се знае дека ковид влијае во активната инфекција. Дека ја намалува плодноста, и два и пол месеци по инфекцијата.По три до четири месеци кога лицето потполно ќе се излечи, доколку води здрав живот и применува хигиенско-диететски режим, може да се очекува целосно да се регенерира процесот на сперматогенеза.
Токму поради тоа важно е со имунизиација да се заштити таа популација за да го сочуваат своето репродуктивно здравје.