КОЛКУ КАЛОРИИ МОЖЕМЕ ДА СОГОРИМЕ СО ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ? Дали е здраво да се џвака мастика?
Едно парче гума за џвакање може да отстрани до 100 милиони бактерии од устата за само 10 минути. Но, после 10 минути, гумата за џвакање мора да се плукне, во спротивно бактериите само ќе ви „шетаат“ во устата.
Освен за задоволство, освежување на здивот или од досада, луѓето сакаат да џвакаат мастика за да го потиснат апетитот. Но, дали оваа навика навистина може да помогне во согорувањето на калориите?
Во мастиките без шеќер, едно парче има помеѓу 2 и 5 калории. Тоа би било помеѓу 1344 и 3360 калории годишно ако џвакаме две парчиња дневно. Сепак, според клиниката Мајо, џвакањето согорува повеќе калории.
Поточно, согоруваме 11 калории на час. Но, ако џвакаме по четири часа секој ден, ќе согориме 308 калории за една недела, т.е. 1232 калории месечно или 14.784 калории годишно.
Мастиките што содржат шеќер имаат 5 калории повеќе.
Гумата за џвакање без шеќер не е штетна за забите, напротив. Тие придонесуваат за одржување на оралното здравје. Едно парче гума за џвакање може да отстрани до 100 милиони бактерии од устата за само 10 минути. Но, после 10 минути, гумата за џвакање мора да се плукне, во спротивно бактериите само ќе ви „шетаат“ во устата.