КОЛКУ КАЛОРИИ ИМА КРОФНАТА? Пржена во масло или печена во рерна и со што е полнета, прави голема разлика

Ретко кој не сака убави, меки полнети крофни, но ако се прашувате колку калории внесувате со ова ваше слатко задоволство, колку шеќер содржи и колку масти консумираме со крофната, еве неколку информации

24

Зимата е време за крофни. Иако е десерт што повеќето луѓе го јадат без грижа на совест барем еднаш годишно, многумина се заинтересирани колку калории всушност има крофната, колку шеќер содржи и колку масти консумираме со оваа омилена закуска. Подолу ви донесуваме конкретни бројки, како и неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле.






Класична крофна со џем – калорична бомба или безопасна закуска?

Просечна крофна со џем, со тежина од околу 70 до 80 грама, содржи:

околу 250 до 300 калории
12 до 15 грама масти
30 до 35 грама јаглехидрати
10 до 15 грама шеќер
Ова значи дека една крофна може да содржи до три коцки шеќер, во зависност од количината на фил и дополнителни додатоци. Поголемиот дел од калориите доаѓаат од комбинацијата на бело брашно, шеќер и масло во кое се пржи тестото.

Чоколадните и полнетите верзии имаат уште повеќе калории. Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини