КОЛКУ ГОДИШНО МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ ВО ЕУ? Просекот во Луксембург е 72.200 евра, а во Бугарија 10.300 евра

Ова е првпат Евростат да ги објави просечните годишни прилагодени плати за вработените во земјите на ЕУ.

155

Просечната годишна прилагодена плата со полно работно време за вработените во ЕУ минатата година изнесуваше 33.500 евра, објави Евростат.

Ова е првпат, како што е наведено на официјалната веб-страница за европска статистика, Евростат да ги објавува овие податоци утврдени со Директивата за сина карта. Овој индикатор е потребен  за одредување на просечната бруто годишна плата за секоја земја-членка на ЕУ, а нејзината цел е да привлече висококвалификувани работници во ЕУ под пофлексибилни услови.






Меѓу земјите-членки на ЕУ, највисока просечна годишна приспособена плата со полно работно време во 2021 година е забележана во Луксембург од 72.200 евра, следат Данска (63.300 евра) и Ирска (50.300 евра).

Најниски плати имаат Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и Романија (13.000 евра).

Кон нив се приклучува и Хрватска со 16.170 евра. Во Словенија овој просек изнесува 28.760 евра

 

 

Поврзани содржини