КОЛКУ ГОДИНИ БИ ИМ ТРЕБАЛЕ НА РУСИТЕ ДА ЈА ЗАЗЕМАТ ЦЕЛА УКРАИНА? „Форбс“ објави шокантна анализа

Зошто би била Русија толку стратешки заинтересирана да ја продолжи војната? Прогнозите покажуваат дека руската економија ќе продолжи да расте, но и дека повеќето индустрии се пренасочуваат кон воената индустрија, се вели во анализата.

1,810

Русија може да ја освои Украина до 2256 година ако продолжи со ова темпо на борба, анализира американски „Форбс“. Во текстот се тврди дека Украина, која зафаќа 603.628 квадратни километри, од кои 19% во моментот се под руска окупација, би била освојувана со брзина што би значела огромни жртви на двете страни, повеќе од 100 милиони мртви.

Независниот аналитичар Конрад Мјузика, од полската компанија „Рочан Консалтинг“, повикувајќи се на официјални украински извори, тврди дека Русите платиле висока цена за овој напредок, со вкупно 36.600 загуби, вклучувајќи повеќе од 4.800 уништени возила. Бројот на загуби и жртви расте.






Генералот Кристофер Каволи, командант на американските сили во Европа, истакнува дека руската војска сега брои најмалку 600.000 луѓе, скоро двојно повеќе од почетокот на окупацијата во февруари 2022 година. Овој значителен пораст на силите се должи на тоа што месечно се регрутираат 30.000 нови војници.

Русија не само што ја одржува својата воена моќ, туку и ја зголемува, се сугерира во анализата. Високите надоместоци за војниците и верувањето дека војната ќе заврши наскоро се главните фактори кои ја поттикнуваат оваа стратегија на продолжување на воената кампања. Според аналитичарот Мјузика, воениот буџет на Русија во моментот сочинува 40% од сите владини расходи, најголем процент од времето на Студената војна.

Иако руската економија и војска растат, високите воени трошоци имаат сериозни последици. Невработеноста во Русија се намали на 2,4%, но падот на цените на нафтата и поголемите напади со беспилотни летала врз енергетскиот сектор влијаат на вкупната економска ситуација.

Зошто би била Русија толку стратешки заинтересирана да ја продолжи војната? Прогнозите покажуваат дека руската економија ќе продолжи да расте, но и дека повеќето индустрии се пренасочуваат кон воената индустрија.

Сепак, аналитичарите и воените експерти остануваат загрижени за долгорочната одржливост на оваа стратегија.

Каволи предупредува дека Русија сега се подготвува за поширока конфронтација со Западот и дека оваа војна може да трае со децении.

Поврзани содржини