Колку ќе „лапнат“ ракометарките ако се пласираат на Светско

Во случај да се избори учество на Мундијалот женската македонска репрезентација ќе добие 40.000 евра.

361

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, донесе одлуки за одредување на парични награди за сениорската женска и сениорската машка ракометна репрезентација.

Ракометарките ќе поделат 10.000 евра за остварен максимален учинок (три победи) на квалификацискиот турнир за обезбедување бараж натпревар за пласман на СП Шпанија 2021.






Во случај да се избори учество на Мундијалот женската македонска репрезентација ќе добие 40.000 евра.

Машкиот национален тим доколку го освои првото место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година ќе добие 40.000 евра, за второ место и пласман на ЕП 2022 година со освоени 10 бода парична награда во висина од 30.000 евра, додека за освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени помалку од 10 бода парична наградата ќе изнесува 20.000 евра.

Поврзани содржини