КОЛКУ Е ЕФИКАСНА ТРЕТАТА ДОЗА? Израел ги објави бројките, резултатите се охрабрувачки
Досегашните податоци од Министерството за здравство покажуваат дека третата доза може да го намали нивото на антителата, но имунитетот кон нови инфекции не е нарушен.
Третата засилувачка доза на вакцина против коронавирусот е многу поефикасна од првите две во спречувањето на инфекцијата, изјавија здравствените власти во Израел на пресконференција во неделата каде беа објавени бројките и статистиките, пишува Блиц. Третата доза е клучна во момент кога ефектот од првите две избледува, а земјата сака да ја препорача и за младите од 12 до 15 години.
Досегашните податоци од Министерството за здравство покажуваат дека третата доза може да го намали нивото на антителата, но имунитетот кон нови инфекции не е нарушен. Бројот на тешко заболени од ковид-19 е 131 лице, од кои 89 лица се во критична состојба, а 80 се на респиратор. Според Прајс, 76 отсто од потврдените случаи биле невакцинирани, додека 12 отсто биле оние кои сè уште не ја примиле третата доза.
Израел моментално е на одмор од пандемијата, веројатно само привремено. Земјата засега успева да го задржи продорот на четвртиот бран на коронавирус, иако делта-сојот беше забележан уште во јули месец.
Остриот пад на бројот на заразени, како што пишува „Харец“, се должи на паметната одлука на владата да спроведе брзата примена на третата доза од вакцината кај лицата кои ја примиле втората шест месеци порано.
Во вторник Израел ќе започне кампања за вакцинација на децата на возраст од пет до 11 години, но многу родители сè уште не се решени дали да ги вакцинираат своите деца.
Бустер за тинејџери
Во меѓувреме, израелскиот советодавен панел за пандемија препорача зголемена доза на вакцини и за тинејџерите. Сепак, Министерството за здравство ќе мора да го одобри овој потег, пред да се вакцинираат младите од 12 до 15 години.
Во неделата, премиерот Нафтали Бенет рече дека пандемијата се очекува да остане „уште година или две“. За разлика од европските земји, Бенет смета дека е подобро да се користи бустер доза пред да се вакцинира целото население. Бенет истакна дека Израел е „на работ на она што изгледа како бран на инфекции со коронавирус кај децата“. Но, тој инсистира дека порастот на стапката на инфекција нема да доведе до нови ограничувања во оваа фаза.
Криза е кога нема трета доза, а опаѓа заштитата од првите две
Д-р Шарол Арлој Прајс рече дека властите „следат голем број варијанти, но не гледаат ништо што би било причина за загриженост“.
– Она што се случува во Европа е очигледно комбинација на делта-сојот, што го доживуваме и овде во Израел, но и ефектот од исчезнување на вакцините – посочи тој.
Вирусот се шири меѓу децата
Министерството за здравство во петокот изрази загриженост за стапката на заразени во Израел, која достигна точка на ширење на пандемијата за прв пат по десет недели тој ден. „Р-бројот“, кој го претставува бројот на луѓе заразени од секој носител на вирусот, сега е 1, што значи дека преносот на вирусот се зголемува, откако беше на 0,7 пред три недели.
Генералниот директор на министерството, професор Нахман Еш, рече дека зголемувањето произлегува од „комбинација на причини“ – милион луѓе кои сè уште не добиле трета доза и исчезнувањето на ефикасноста на оние кои го примиле порано, слабиот јавен мониторинг, преносот на вируси во затворени простории како што доаѓа зимата, а вирусот се шири и меѓу децата, кои сочинуваат 60 отсто од новите инфекции.