Исто така присутни се и прашањата за тоа колку долго коронавирусот се задржува на одредена површина – пластика, бетон, метал, дали треба да се дезинфицираат лавабоата, чевлите со кои одиме надвор…

Група истражувачи од Универзитетот Дњепропетровски во Украина се позанимавале со прашањето колку вирусот се задржува на косата, со оглед на тоа дека речиси сите луѓе сакаат со раце да ја допираат својата коса.

Според нивните сознанија, мрсната коса го задржува вирусот и до 48 часа, па се препорачува редовно миење, дури и секој втор ден!

– Вирусите обично пократко живеат на површините како што е косата, отколку на мазни површини како што е, на пример, челикот – велат стручњаците од Јејл.

Од друга страна, дерматологот доктор Адам Фридмен објаснува дека тоа зависи од структурата на косата.

– Кога би отсекле еден мал прамен коса и некој кој е позитивен на коронавирус кивне на тој ист „мртов“ прамен, мислите ли дека вирусот може да живее? Од тоа што го гледаме во медицинсиот магазин „Њу Ингланд“, многу е можно дека на таа површина може да живее до три дена – појаснува доктор Фридмен.