Во времето на пандемијата на коронавирусот, едно од најчесто поставуваните прашања е колку долго дејствува средството за дезинфекција за рацете откако ќе се нанесе.
Центарот за контрола и превенција на болести тврди дека еден од најдобрите начини за заштита е користењето на средства за дезинфекција на рацете кое содржи 60 отсто алкохол. Сепак, треба да знаете дека тоа средство не делува долго и дека миењето на рацете со вода и сапун треба секако да биде прв избор на сите.
Вистина е дека средствата за дезинфекција врз база на алкохол се добра алтернатива на сапун и вода, но кога ги миете рацете буквално ги отстранувате нечистотиите што завршуваат во одводот, додека средствата за дезинфекција убиваат сè што се наоѓа на вашите раце во тој момент.
Сепак, наскоро ќе допрете некоја загадена површина па вашите раце повторно ќе бидат валкани. Затоа, рацете не можат да бидат чисти повеќе од неколку минути по миењето или дезинфекцијата.