КОЛКУ ЧИНИ НЕПРОБОЈНАТА ЛИМУЗИНА НА СИ ЏИНПИНГ? „Црвеното знаме“ е најскап автомобил во Кина
Во Србија, каде што престојувал во 2023 година, Џинпинг бил пречекан со ист тип на лимузина. Според српски извори, моделот што се користел бил долг 5,4 метри, тежок 3,1 тон и вреден најмалку 700.000 долари. Возилото било изработено од балистички материјали, имало непробојни стакла и систем за заштита од хемиски и биолошки напади.
Лимузината отпорна на куршуми со која кинескиот претседател Си Џинпинг поминал низ плоштадот Тјенанмен во Пекинг била моделот „хонѓи“ со отворен покрив, вреден околу 600.000 евра и е еден од најскапите автомобили во Кина, јави Си-Ен-Ен.
„Црвеното знаме“, како што го нарекуваат моделот „Л5“, е кинеска икона со политичка тежина, симбол на Комунистичката партија, а се користи како официјално возило на државниот врв.
Овој модел бил користен и за време на државната посета на индискиот премиер Нарендра Моди, како и на бројни високи дипломати. Автомобилот е произведен во Кина и дебитирал на парадата за државноста во 1959 година.
„Со масивна решетка и украс во облик на знаме, лимузината го отсликува гламурот и величината на кинеските политички церемонии“, наведува Си-Ен-Ен.
Вообичаено, автомобилот е резервиран за шефот на државата, највисоки партиски функционери и избрани странски лидери. Џинпинг често го користи „Л5“, но поседува и понов модел – „хонѓи Н701“, кој често го споредуваат со американската „Ѕверка“ што го вози американскиот претседател.
„Хонѓи Л5“ е долг 5,5 метри, тежи над 3 тони, достигнува 100 километри на час за 8,5 секунди, а максималната брзина му е 210 километри на час. Под хаубата има над 400 коњски сили.
Внатрешноста е опремена со кожни седишта, влошки од жад, дрвени декоративни елементи и сè што одговара на претседателска класа. Задните седишта се со функции за масажа, греење, вентилација и монитори за забава.
„Автомобилот има погон на сите тркала, адаптивен темпомат, паркинг сензори и камери со видик од 360 степени“, пишува индискиот портал „NDTV“.
Продажната цена е околу 5 милиони јуани, односно околу 600.000 евра, што го прави најскапиот сериски модел произведен во Кина.
Во Србија, каде што престојувал во 2023 година, Џинпинг бил пречекан со ист тип на лимузина. Според српски извори, моделот што се користел бил долг 5,4 метри, тежок 3,1 тон и вреден најмалку 700.000 долари. Возилото било изработено од балистички материјали, имало непробојни стакла и систем за заштита од хемиски и биолошки напади.
Лимузината наречена „Црвено знаме“ првпат била користена надвор од Кина во Нов Зеланд во 2014 година, а потоа и во Југоисточна Азија и Пацификот во 2019 година, исто така при државни посети на Си Џинпинг.