Колку брзо паѓа топка на секоја планета во Сончевиот систем? (ВИДЕО)
Големината и масата на топката се безначајни, бидејќи во отсуство на каков било отпор на воздухот сите предмети паѓаат со иста брзина. Ова славно го демонстрираше астронаутот на „Аполо 15“, Дејвид Скот, кој испушти чекан и пердув од еднаква височина на Месечината во 1971 година, потврдувајќи дека и двата предмети стигнаа истовремено на површината.
Ако некогаш сте посакале да играте голф во вселената или што било со топка, тогаш можеби ќе треба да знаете колку гравитацијата на планетата каде што играте ќе ја успори вашата топка. Научникот Џејмс О’Донахју направи одлична анимација за тоа колку ќе ѝ треба на топката да падне на Јупитер, Марс, Месечината ако паѓа слободно од висина од еден километар, пишува IFL Science.
Не е првпат луѓето да пробуваат да играат спортови во вселената. На површината на Месечината, астронаутот Алан Шепард успеа да ја удри својата топка за голф само 36 метри (118 стапки), а научниците од Меѓународната вселенска станица пробаа да играат безбол додека се во орбитата.
За да го создадат видеото, О’Донахју и неговиот колега астроном Рами Мандоу се повикалe на податоците објавени од НАСА во врска со силата на гравитацијата на Екваторот на секоја планета во Сончевиот систем. Ова им овозможило да го пресметаат времето што ќе биде потребно за паѓање на објектот на површината на секој од овие светови.
14,3 секунди на Земјата се 13,8 секунди на Сатурн
Гравитацијата на Земјата предизвикува паѓање на предметите со стапка од 9,8 метри во секунда, што значи падот од еден километар ќе трае 14,3 секунди. И покрај тоа што е многу поголема од нашата Земја, планетата Сатурн има гравитација која е само малку посилна од неа и произведува брзина на падот од 10,4 метри во секунда. Тоа значи дека на топката ќе ѝ бидат потребни 13,8 секунди за да се спушти на површината на овој гасен гигант.
– Можеби е изненадувачки да се види дека големи планети имаат влечење слично на помалите на својата површина. На пример, Уран ја влече топката побавно отколку Земјата! Зошто? Ниската просечна густина на Уран ја става површината далеку од поголемиот дел од масата – напиша О’Донахју на Твитер.
Густината на планетата е побитна од големината
На крајот на краиштата, густината на објектот, наместо неговата маса, е таа што ја одредува брзината со која топката паѓа на нејзината површина. Ова резултира со некои изненадувачки набљудувања низ Сончевиот систем. На пример, како што објасни О’Донахју, „Марс е скоро двојно поголема од масата на Меркур, но може да се види дека гравитацијата на површината е всушност иста, што покажува дека Меркур е многу погуст од Марс“.
Како што укажува анимацијата, игрите со топка веројатно ќе бидат особено предизвикувачки на Сонцето, бидејќи таму предметите во слободен пад ќе патуваат со неверојатни 274 метри во секунда, што значи дека ќе им бидат потребни само 2,7 секунди да паднат на површината на нашата ѕвезда.
Кога нема отпор, сите предмети паѓаат исто
На другиот крај од спектарот е џуџестата планета Церес, најголемиот објект во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер. Ако тука се игра одбојка веројатно ќе заспијат повеќето гледачи, со оглед на тоа што се потребни цели 84,3 секунди за топката нежно да ја допре површината.
Вреди да се истакне дека големината и масата на топката се безначајни, бидејќи во отсуство на каков било отпор на воздухот сите предмети паѓаат со иста брзина. Ова славно го демонстрираше астронаутот на „Аполо 15“, Дејвид Скот, кој испушти чекан и пердув од еднаква височина на Месечината во 1971 година, потврдувајќи дека и двата предмета стигнаа истовремено до површината.