Колкави се шансите еден ден принцот Џорџ да стане крал на Велика Британија?
Имено, линијата на сукцесија е регулирана со потеклото и парламентарниот статут, се наведува на официјалната веб-страница на кралското семејство.
Британскиот принц Џорџ има само седум години, а трет во редот да стане монарх, по принцот Чарлс, односно принцот Вилијам.
Имено, линијата на сукцесија е регулирана со потеклото и парламентарниот статут, се наведува на официјалната веб-страница на кралското семејство.
Џорџ, или принцот Џорџ од Кембриџ, е правнук на кралицата Елизабета Втора и син на војводата од Кембриџ. Кога кралицата ќе почине, Чарлс ќе стане крал. Односно, само ако тој не абдицира, во тој случај на престолот би седнал неговиот најстар син Вилијам. Затоа, Џорџ, како најстар од трите деца на Војводата од Кембриџ, ќе биде првиот во линија што ќе го преземе.
Но, веројатноста дека точно ќе се појави такво сценарио зависи од голем број фактори.
Што ако принцот Вилијам почине пред принцот Чарлс?
Ако починат Вилијам или Чарлс пред да заврши владеењето на кралицата Елизабета, тоа не би ги намалило шансите на Џорџ да стане крал.
– Ништо не спречува Вилијам да стане крал освен неговата предвремена смрт – рече Роберт Хазел, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Покрај тоа, во неверојатно сценарио дека 71-годишниот Чарлс го надживее својот син, принцот Хари не би го заземал местото на Вилијам во редоследот. Местото автоматски ќе оди кај принцот Џорџ, а потоа и на неговите деца ако ги има. Но, ако тој нема деца, следниот во ред за наследство ќе биде принцезата Шарлот, а потоа принцот Луис. Ова ќе се должи на промените во законот за наследство на круната од 2013 година, што значи дека момчињата од кралството родени по 2011 година не можат автоматски да ја земат круната од своите сестри во линија на сукцесија како што правеле порано.
– Ако Вилијам почине пред Чарлс, тогаш по смртта на Чарлс, принцот Џорџ ќе стане крал – рече Хазел.
Сепак, Џорџ би имал слобода да абдицира. Односно, сето тоа зависи од тоа дали Џорџ навистина сака да стане следниот монарх.
Последниот монарх кој се абдицираше беше Едвард Осми, кој управуваше со Велика Британија скоро една година, од јануари до декември 1936 година. Бидејќи Едвард немаше деца, престолот му го препушти на неговиот помлад брат Џорџ Шести, таткото на сегашната кралица Елизабета Втора.