КOЛКАВИ НАДОМЕСТОЦИ ЗЕМААТ ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ТЕЛЕКОМ? Објавени се податоците за надоместоците на Милев, Дураки, Ангеловска…
Владата назначува 6 членови на Одборот на директори во Македонски телеком. Овие членови на Одборот на директори владата ги назначи во 2020 година, освен Игор Милев кој е назначен во јуни 2023 година, по заминувањето на Зоран Китанов.
Владините претставници во Одборот на директори во Македонски телеком кои се неизвршни членови лани зеле исти надоместоци како и во 2022 година, освен претседателот на Одборот на директори на кој со одлука на Собранието на акционери му е ннамален ннадоместокот. Ова го покажува извештајот за работа на компанијата објавен на сајтот на Македонска берза.
Според податоците од Извештајот кој е на дневен ред на Собранието на акционери кое треба да се одржи на 29 мај, Игор Милев, која на местото претседател на Одбор на директори дојде по Зоран Китанов, првиот месец зел надоместок во износ од 372.000 денари колку што земаше неговиот претходник Китанов, а потоа до крајот на годината добивал нето надоместок од 155.000 денари. Тој пријавил и адвокатска плата од 50.000 денари.
Садула Дураки како заменик-претседател на Одбор на директори 93.000 денари нето. Тој не пријавил други приходи.
Нина Ангеловска лани земала надоместок од 62.000 денари нето. Таа пријавила и плата која ја зема од Македонската асоцијација е – комерц од 98.000 денари и 30.035 денари плата.
Бардул Насуфи исто така добивал надоместок од 62.000 денари. Тој ја пријавил и плата од 49.470 денари во општина Струга.
По 62.000 денари во Телеком зеле и Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу. Дарлишта пријавила и плата од 45.000 денари во јавна здравствена установа, а Медиу нема пријавено други примања.
Иако се неизвршни членови на Одборот на директори, владините претставници биле редовни на седниците а Одборот на директори кои во 2023 година биле вкупно 8, од кои 4 редовни состаноци и 4 вонредни состаноци.
Така Игор Милев како претседател на Одборот на директори присуствувал на 4 состаноци, бидејќи претходно на неговата позиција беше Зоран Китанов кој присуствувал на 4 состаноци.
Садула Дураки и Нина Ангеловска и Аќиф Медиу присуствувале на 8 состаноци, додека Шкодране Дарлишта присуствувала на 7 средби на Одборот на директори.
Владата кој поседува 34,81 отсто во компанијата и златна акција поставува 6 членови на Одборот на директори во Македонски телеком.
Овој состав на Одборот на директори владата го назначи во 2020 година, освен Игор Милев кој е назначен во јуни 2023 година, по заминувањето на Зоран Китанов.