Колкава е најголемата колекција виски во светот?

Таа се состои од 9.000 шишиња виски, како и повеќе од 2.000 други од т.н. минијатурни, или шишиња од 50 гр, а е во сопственост на колекционер кој се нарекува Пет.

400

Денес е последниот ден на аукцијата, преку која можете да учествувате во набавка на шишиња виски, дел од најголемата приватна колекција во светот, понудени на досега на аукција, пишува „Forbes“.

Таа се состои од 9.000 шишиња виски, како и повеќе од 2.000 други од т.н. минијатурни, или шишиња од 50 гр, а е во сопственост на колекционер кој се нарекува Пет.






Колекцијата виски на Пет ја нуди „Whisky Auctioneer“, а се проценува дека може да достигне цена од над 5 милиони долари, или 4,25 милиони евра.

Најскапи шишиња во моментов се 72 и 62-годишните виски „Macallan“, за кои има понуди од 64 и 54 илјади евра.

Колекцијата на Пет се собираше 15 години, а вклучува виски од дестилерии од Шкотска, Ирска, САД, Јапонија, Велс, Тајван, Шведска и други.

Цените на најевтините шишиња виски се 16,50 евра.

Поврзани содржини