Колкав е вашиот IQ?

2,532

Еден човек влегува во супер технолошки напреден кафе-бар, каде зад шанкот стои робот наместо бармен.

Седнува човекот на шанкот, а роботот го прашува:






– Колкав е вашиот коефициент на интелигенција (IQ)?

Човекот одговара:

– 150.

Роботот веднаш му тура една чаша 16 години старо виски и започнува разговор за глобалното затоплување, за квантна механика, нанотехнологија итн.

Човекот бил многу импресиониран од роботот и решава и наредниот ден да дојде да го тестира.

Влегува наредниот ден и истата постапка.

Роботот го прашува:

– Колкав е вашиот IQ?

А човекот одговара: – 80.

Роботот му носи кригла пиво и започнува разговор за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.

Третиот ден човекот пак оди во истиот бар и роботот пак го прашува:

– Колкав е вашиот IQ?

Човекот одговара: – 20.

Роботот веднаш му става една дупла жолта и го прашува:

– За кој ќе гласаш за ВМРО, СДСМ, ДУИ?

Поврзани содржини