📷 КОЛИНДА ПОЗИРА СО ИЛОН МАСК ВО ФУСТАН ОД 2.000 ЕВРА Поранешната хрватска претседателка блесна во неонско зелена креаација
Колинда се појави во долг зелен фустан од брендот Edeline Lee, чија цена на официјалната веб-страница е 1.600 фунти, односно 1.913 евра.
Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во понеделникот се појави на доделувањето на Глобалните граѓански награди на Атлантскиот совет во Њујорк, а за таа прилика избра свечен дизајнерски фустан од 2.000 евра.
Колинда се појави во долг зелен фустан од брендот Edeline Lee, чија цена на официјалната веб-страница е 1.600 фунти, односно 1.913 евра. Дизајнерскиот фустан е изработен од полиестер и има мала јака и копчиња рачно покриени со ткаенината, а доаѓа со каиш со тока и странични џебови. Фустанот е произведен во Англија, а може да се најде во други онлајн продавници по нешто пониска цена од 1.705,27 евра.
View this post on Instagram
Да потсетиме, на доделувањето се појавија бројни познати личности, а Колинда на Инстаграм се пофали со фотографија со милијардерот Илон Маск.