Колинда покажа среден прст
Таа објави фотографија на која му покажува среден прст на Шкоро, а под фотографијата напиша дека ги повикува сите жени да ѝ се придружат.
Вчерашната изјава на Мирослав Шкоро дека една силувана жена, доколку забремени, за абортусот треба да се договори со семејството, предизвика бурни реакции во Хрватска, а рамнодушна не остана ниту поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
Таа објави фотографија на која му покажува среден прст на Шкоро, а под фотографијата напиша дека ги повикува сите жени да ѝ се придружат.
„Им се придружувам на сите жени кои со овој непристоен чин го покажуваат својот став и го креваат гласот против оние кои се обидуваат да нè вратат неколку векови во историјата. Помина времето кога жената седеше во ќош и чекаше некој да ѝ каже што да прави“, напиша Китаровиќ.