КОЛИЧИНАТА НА СПЕРМА КАЈ МАЖИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ – ПРЕПОЛОВЕНА Во период од 45 години бројот на сперматозоиди опаднал за 51,6 проценти
Научниците кои собраа податоци за бројот на сперматозоиди кај мажите ширум светот во последните 50 години, беа непријатно изненадени од падот на просекот, кој изнесува повеќе од половина!
Количината на сперма, односно бројот на сперматозоиди кај мажите, со децении е во голем пад во сите делови на светот. Научниците дошле до овој заклучок кога ги прегледале податоците собрани во 53 земји помеѓу 1973 и 2018 година. Бројката до која дошле звучи навистина загрижувачки, a изнесува 51,6%. За толку е помал бројот на сперматозоиди кај мажите ширум светот.
Ако ова ви звучи загрижувачки, тоа е затоа што е навистина така.
Ова е нешто што може да влијае на човештвото како целина, а експертите дури изјавија дека ова е итен случај што не треба да се сфаќа несериозно.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.