КОЛИ НА БЕНЗИН НЕМА ДА СЕ ПРОДАВААТ ПО 2040 ГОДИНА Видовме аир од Форд, Мерцедес и Волво на СОР26 самитот
Иако популарните германски производители на автомобили, како Мерцедес ветија поддршка за овој потег, самата германска влада остана настрана бидејќи не беше постигнат внатрешен консензус. Германците работат на „оззеленување“ на свој начин. Во септември, германски истражувачи пробаа да направат хибридна верзија на автомобилот Тесла, за да ја демонстрира искористеноста на неизбежните емисии на јаглерод како гориво користејќи „позелени методи“.
Форд, Мерцедес, Волво и други големи производители на автомобили се согласија дека нема да продаваат коли на фосилни горива по 2040 година, а ова е една од ретките добивки кои ги имаме од самитот COP26 кој се одржува во Глазгов во Велика Британија. За жал, компании од Кина и Америка не се согласуваат со овој договор, иако владите на 24 земји веќе се обврзале, пренесува ИнтересноИнженерство. Една од фирмите кои се согласија на ова е и такси-компанијата Убер која заедно со други слични фирми изнајмува 1,7 милиони автомобили во 30 земји.
Домаќинот на самитот, Велика Британија веќе вети дека ќе ги укине автомобилите на бензин и дизел до крајот на оваа деценија. Ако ја земеме предвид и политиката на ЕУ за моторите со внатрешно согорување, овој, засега усмен, договор ќе покрие речиси една третина од глобалната продажба на автомобили.
Но, во оваа слика недостасуваат Кина и САД, кои се едни од најголемите светски пазари за автомобили. Двете нации, заедно со ЕУ, придонесуваат за 46 отсто од глобалните емисии. Тронка надеж влева извршната наредба на американскиот претседател Бајден во август оваа година, која вели во земјата да се продаваат на 50 отсто електрични возила до крајот на оваа деценија. Сепак, на самитот САД засега се воздржуваат од преземање на какви било големи заложби за ова прашање на светската сцена.
Проблем е и Германија. Иако популарните германски производители на автомобили, како Мерцедес ветија поддршка за овој потег, самата германска влада остана настрана бидејќи не беше постигнат внатрешен консензус. Германците работат на „оззеленување“ на свој начин. Во септември, германски истражувачи пробаа да направат хибридна верзија на автомобилот Тесла, за да ја демонстрира искористеноста на неизбежните емисии на јаглерод како гориво користејќи „позелени методи“.
Јапонскиот производител на автомобили Тојота рече дека иако го дели духот и решителноста да се бори против климатските промени, се воздржува од приклучување кон ветувањето, објави Гардијан. При претставувањето на својата серија електрични автомобили, Тојота, најголемиот светски производител на автомобили, рече дека гледа широк спектар на возила, вклучувајќи хибриди и оние кои се напојуваат со водородно гориво како решение за ограничување на емисиите на јаглерод, а не само на електрични возила на батерии.
Според процените на Меѓународната агенција за енергетика, транспортот сочинува една петтина од емисиите на јаглерод на глобално ниво, а земјите треба да ја прекинат продажбата на автомобили на фосилни горива до 2035 година. Активистите на COP26, исто така, повикаа на повеќе инвестиции во јавниот транспорт ако сакаме да спречиме климатски дефект.